Официјално: Давид Луиз е големото засилување на Арсенал

Официјално екипата на Арсенал донесе големо засилување во своите редови и потпиша договор со бразилскиот дефанзивец Давид Луиз.

Луиз, кој има 32 години и важи за еден од подобрите стопери во фудбалот, доаѓа од редовите на Челзи. „Топџиите“ го обезбедија неговиот потпис за наредната сезона и во фудбалерот се гледа големо зацврстување за тенката одбрана на клубот.

Во редовите на Арсенал, Давид Луиз ќе го носи дресот со број 23. Стоперот веќе во минатото соработуваше со Унаи Емери, во француски ПСЖ, а покрај за „светците“ играше и за Челзи, Бенфика и Виторија.