
Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Илија Несторовски кариерата ќе ја продолжи во Удинезе.
Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Несторовски веќе ги поминал лекарските прегледи и наскоро ќе стави потпис на договорот.
Тоа денес го потврди и директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино, кој изјави дека македонскиот голгетер ќе се пресели на „Фриули“.
„Несторовски е наш. Наскоро ќе му се приклучи на тимот на подготовките“, потврди Марино.
Несторовски со Удинезе потпише 3-годишен договор со опција за четврта година и ќе заработува 1 милион евра по сезона.