Првата фаза за наследник на досегашната британска премиерка и конзервативна лидерка Тереза Меј официјално започна во понеделникот со предавање на кандидатурите кои треба да бидат поддржани од осум пратеници.
Поранешниот министер за надворешни работи и лондонски градоначалник во два мандата, Борис Џонсон, е фаворит за наследник на Тереза Меј на чело на Конзервативната партија откако таа во петокот и официјално ја поднесе најавената оставка поради неуспехот да ги убеди британските пратеници да го прифатат нејзиниот план договорен со Брисел за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија. Меј на премиерската позиција ќе остане додека не се добие нејзиниот заменик.
Министерот за природна околина Мајкл Гоув и министерот за надворешни работи Џереми Хант официјално во понеделникот ги започнаа своите кампањи, и се смета дека се главните конкуренти на Џонсон. Меѓутоа, кампањата на Гоув потона преку викендот кога призна дека земал кокаин неколкупати додека работел како новинар пред 20 години. Хант во меѓувреме, обидувајќи се да ги нагласи своите преговарачки вештини, изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел му кажала дека ЕУ ќе биде „подготвена на нови преговори“ за договорот за брегзитот со новиот британски челник.
Британија би требало да излезе од ЕУ до 31-ви октовмри, откако претходно двапати беше преместуван првиот датум на 29-ти март, а условите за раздружувањето ќе биде едно од клучните прашања во трката за челник на Конзервативната партија. Џонсон притоа има поцврст став отколку Гоув и Хант, тврдејќи дека ќе ја изведе Британија без договор, како и дека ќе одбие да ја плати „сметката за разводот“ во износ од 39 милијарди фунти, доколку ЕУ не понуди подобри услови.
Кандидатурите во трката за наследникот се затвора во 17 часот по локално време. Вкупно единеасет пратеници објави дека ќе се кандидираат, вклучително и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид, и поранешната министерка и челничка на Долниот дом на парламентот, Андреа Лидсом.