ОФМ: Влезот за средбата Македонија – Грција ќе биде бесплатен

Одбојкарската федерација на Македонија одлучи влезот во натпреварот помеѓу Македонија и Грција кој ќе биде клучен за нашиот пласман на ЕП да биде бесплатен.

Македонија в недела од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе игра против Грција и со победа во овој натпревар би обезбедиле учество на четврто Европско првенство во низа.

Од федерацијата на ваков потег се одлучија со цел одбојкарите да добијат поголема поддршка и да слават пласман на уште еден континентален собир.

Фото: ОФМ