Ограбен „Сенатор“ во центарот на градот

Маскиран и вооружен разбојник украл 35.000 денари од казиното „Сенатор“ во Скопје, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Разбојникот, вооружен со пиштол, влегол во казиното „Сенатор“, кое што се наоѓа на улицата „11-ти октомври“ во Скопје. Тој од вработената одзел околу 35.000 денари од дневниот промет.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.