Разбојник со пиштол ограбил аптека, информираше МВР.
Разбојништвото се случило вчера во 21.30 часот во аптеката во кругот на Општа болница во Гостивар.
Тогаш арамијата со пиштол се заканил на вработената од која зел околу 60.000 денари и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.