
Ограбена бензинска во радовишко. Синоќа околу 02.30 часот две непознати лица извршиле разбојништво во бензинската пумпа „Еуро Петрол“, која се наоѓа на магистралниот пат Струмица – Радовиш кај село Калуѓерица.
Како што информира МВР, едно од лицата со безбол палка влегло во објектот на бензинската пумпа и им се заканило на двајцата вработени дека ќе ги нападне, одзело околу 8.000 денари, по што двајцата го напуштиле местото.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.