Ограбена експозитура на Стопанска банка

Две непознати маскирани лица вчера околу пладне извршиле разбојништво над вработените во филијалата на Стопанска банка лоцирана на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје.

Сторителите влегле во банката и со закана со пиштол одземале околу 300.000 денари и 3.000 евра, по што побегнале во непознат правец, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.