Ограбени две цркви во тетовско, украдени пари, масло и сребен крст

Арамии провалиле во црквите Света Петка и Свети Илија во тетовските села Туденце и Раотинце.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи две цркви од тетовско викендов биле мета на арамии.

Непознати сторители со насилно отворање на влезните врати успеале да влезат во црквите Света Петка во Туденце и Свети Илија во Раотинце.

Од Света Петка арамија одземал ситни парички оставени на иконите и 10 литри масло за јадење, причинувајќи материјална штета од 1.500 денари.

Од цркавата во Раотинце арамијата одземал ситни парички и сребрен престолен крст.

Полицијата работи на расчистување на кражбите.