Ограбени илегални мигранти кај Смоквица

Издадени вкупно 27.233 потврди за барање азил на мигранти

Ограбени илегални мигранти кај Смоквица. Вчера во 13.45 часот во полициската станица во Гевгелија, две непознати лица, странски државјани пријавиле дека е извршено разбојништво врз нив бензиската пумпа „Руле Турс“ кај село Смоквица, гевгелиско.

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за двајца државјани на Мароко Р.Ј.  и  А.Б., кои  илегално ја преминале македонско-грчката граница.

Во близина на село Миравци околу 22.00 часот во понеделникот на местото викано „Вирот“ Мароканците биле нападнати од четири непознати сторители кои најпрво се претставиле како полициски службеници, а потоа физички ги нападнале со дрвени палки и електричен пиштол заканувајќи им се по живот, при што им одзеле околу 600 евра, два мобилни телефони и патничка торба во која имало облека.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.