Како што се бива кај нас така и Охрид веќе подолго време мака мачи со неговото силување и бришење од листата на најзначајното културно наследство УНЕСКО.
Кога пред повеќе од 3 години на Комитетот за светско наследство на Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации кое се одржа во Баку, Азербејџан, Македонија беше во светскиот фокус, заедно со Мексико и Бангладеш, како неодговорни земји што своето културно и природно наследство го запуштија и уништија до тој степен, што ќе бидат тргнати од светската листа на културно наследство на УНЕСКО. Македонија ќе го изгуби единствениот локалитет – Охридскиот Регион, заштитен како природно и културно наследство од светско цивилизациско значење.
Охрид и неговата околина, заедно со шумите во Сундарбан, Бангладеш и островите на Калифорнискиот голфски залив во Мексико (раритет е што Охридското крајбрежје како регион е ставен во заштита, што е исто така реткост во УНЕСКО), беа ставени на светската листа со локалитети во опасност. Само Охридскиот Регион има статус на двојна заштита (и како природно и како културно наследство), додека останатите два локалитета се заштитени само како природно богатство.
Што значи тоа за Охрид , државата и туризмот?
Ако не сме свесни сите во држвава што значи тоа, тогаш не треба воопшто ниту да го имаме овој статус. Веднаш нека ни го одземат статусот, а последиците тек допрва ќе ги видиме. Охрид и охридското езеро ќе биде преполовено, незаштитено и така веќе подолго време немаме осет за заштита на културната и природната средина, вака колку толку превземаме некакви си мерки на само контрола и општествена свест за заштита на културата и природата.
Од 2019 до денеска за 3 години еве што превзеде власта за санирање на овие последици.
Последниот Извештај на Министерството за култура кој е испратен до УНЕСКО за природното и културното наследство во Охридскиот регион, воопшто не кореспондира со состојбата на терен, реагираат организациите од Охрид, Струга и Поградец. При тоа додаваат дека со извештајот само се прикриваат проблемите и, како што велат, „се става ѓубрето под тепих“.Од 19-те главни препораки на УНЕСКО, само четири се спроведувани и тоа само делумно. Неконтролираната урбанизација е спомната само со четири реченици, иако е голем проблем во Националниот парк Галичица, а некојси црвен елен се појавува на половина страна.
Уривањето на дивоградбите во заштитниот појас беше една од клучните препораки на УНЕСКО. Урнато или забрането нула. На јавноста и е добро познат случајот со еден локален шериф таму кој потоа стана и советник, па си даде отказ од хумани причини. Најновата вест денеска е дека Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот на Охрид Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин. А зошто? Мислам дека ви е добро познат одговорот. Ским си такав си.
Од 100ци платформи изградени на кејот, настрадаа само оние неколку кои немаат врски кај власта или кои не платиле легален „рекет“ за својата работа. Не се спроведени мерките од препораките на УНЕСКО за затворањето на депонијата Буково и алтернативната траса на железничкиот коридор Требеништа – Струга (замислете што сме планирале таму!!!), како и новата траса на демек експресниот пат Охрид –Св. Наум, кој патем го градиме повеќе од 30 години.
Али затоа мајстори сме за формирање на меѓуресорни комисии, работни тела или групи, владини комитети за некакво си следење на мерките. Централната власт и локалната неколку пати си ја префрлаат топката за тоа кој е за што задолжен и какви мерки треба да преземе, невладините организации пискаат на цел глас, но кој ги есапи и онака само знаат да пискаат и да земаат пари од ЕУ фондовите за „пискање“, нас граѓаните не боли уво за Охрид (поготово скопјанишчана кои дојоа и им го забиберија на охриѓаните нели) итн.
А да Владата важно донесе План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и спроведена е Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина и културното наследство. Јакиот шит бреее. Па и за тоа сме мајстори за плаќање на стратегии и планови, али за имплементација никаде не нема.
Сега јасно ви е се мои читатели!
Не сме свесни колку ќе изгубиме како колектив, држава и туризам ако дозволиме да ни се случи ова. Ние сме мајстори за рушење, а за градење кои ни го оставија како аманет нашите предци, татковци, дедовци сме докажани „бегачи“, како мали деца кога бегавме од лошиот учител. Да не бидеме како онаа познатата „да му умре козата на комшијата“, во случајов на Охрид и регионот, зашто не заболе нас скопјанишчата и останататите таму за охриѓани.
Но не, не е така нели? Нема да дозволиме нашето најстаро и наделку познато светско чудо да замре и изгуби еден ваков значаен статус. Нели мои драги читатели? Затоа
„Македонци од сите краеви обединете се за спас на Охрид и охридското светстко чудо“.
Автор: Зоран Николовски, туризмолог, специјалист во туристички развој, и магистер по маркетинг и брендирање, за НетПрес