Охрид „врие“ од туристи – Хотелските и приватните капацитети целосно исполнети

Најголемиот туристички центар во државава, единствениот Охрид „врие“ од гости и туристи од земјава и странство.

Хотелските и приватните капацитети се исполнети до последно место. Гостите  кои уживаат долж охридската ривиера можат да се видат на секој чекор, по охридската чаршија, плажите, по рестораните и кафе баровите.

ohrid-sezona-1

Посетителите презадоволни од убавините на Охрид, но и од инфраструктурните зафати кои битно влијаат во привлечноста на градов.

Секоја година со семејството доаѓаме во Охрид. Градов  од година во година е се поубав и попривлечен. Евидентно е дека се работи, се гради и се разубавува Охрид. Преубава е оваа патека која води кон некогашниот хотел „Парк“. Плажите ви се средени,  шеталиштето, се е убаво тука, вели турист од Скопје кој секоја година летува во Охрид.

ohrid-sezona-4

Гостите задоволни од услугата, а и туристичките работници велат дека се бара место плус за да се ужива на Охридското Езеро.

Голем удел во успешноста на туристичката сезона имаат силните и прогресивни промотивни и маркетиншки активности кои  во изминативе три  години ги спроведува локалната самоуправа кои продолжуваат тековно. Секако во успешноста на сезоната  големо влијание  има и воспоставувањето на директните авио линии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до светските дестинации и обратно за чие воведување голем удел и влијание имаше охридската локална власт.

ohrid-sezona-3

Културните содржини за сечиј вкус, бројните концерти на домашни и странски уметници  меѓу кои на Дино Мерлин, а и најавените на легендарниот гитарист Ал Ди Меола како и на рок групата „Продиџи“, традиционалните   фестивали и  внесувањето на нови содржини во туристичката понуда го прават Охрид  привлечен за сите генерации,  деца, млади и возрасни.

Охрид е  интересен и разнолик во својата понуда  за сите туристи . За едни градот  е привлечен поради езерото и културно – историските знаменитости, но многумина се почесто го посетуваат  и поради активните форми на туризам, околните планини и природата воопшто, кои се се поактуелни и се  во полн подем на развој.