Охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ е втор најбрзорастечки аеродром во Европа во првите три месеци од годинава во категоријата под пет милиони патници годишно, соопшти ТАВ Македонија.
Значителен пораст на бројот на патници на аеродромот
Ова признание за аеродромот со кој раководи „ТАВ Македонија“ доаѓа од ACI Europe (Меѓународeн совет на аеродроми за европскиот регион), кое во својот последен извештај бележи раст на бројот на патници на „Св.Апостол Павле“ во првиот квартал од 2016 година од 173,9%.
Значителниот пораст од 173,9% на бројот на патници на „Св. Апостол Павле’’ во првиот квартал, измерен од страна на ACI, надвор од туристичката сезона во Охрид, се должи пред се на воведените нови линии минатата година од охридскиот аеродром за Базел, Цирих и Лондон. Очекуваме порастот да продолжи до крајот на годината, со оглед на постоечките чартер-летови во главната туристичка сезона каде што најбројни се патниците од Холандија, но и на новата директна редовна линија Охрид-Белград, која во јуни ќе ја воведеме заедно со авиокомпанијата Ер Србија, како и новите чартер-летови – Охрид-Тел Авив со израелската авиокомпанија Аркиа и Охрид-Брисел, со најголемиот европски тур-оператор Томас Кук, кои исто така ќе почнат следниот месец, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Во изборот вклучени 206 аеродроми во Европа
Извештајот на ACI Europe се однесува на сите цивилни патнички летови (регуларни, нискобуџетни и чартер-летови) и вклучува 206 аеродроми преку кои се одвива 88 отсто од европскиот воздушен сообраќај на патници. Според него, европскиот аеродромски сообраќај во првото тримесечје од годинава пораснал за 7,8%.
Аеродромите во Европа постигнаа одлични резултати во поглед на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2016 година. Иако дополнителниот ден во февруари и Велигденските празници во март помогнаа, зголемувањето на магнитудата на сообраќајот на многу аеродроми пркосеше на економската гравитација. До одреден степен, се спротивстави и на се понеповолното геополитичко и безбедносно опкружување. Се додека овие ризици остануваат под контрола, а горивата се достапни, очекуваме позитивен исход за авиосообраќајот до крајот на годината, изјави Оливиер Јанковец, генерален директор на АCI Europe.
Фактот што…