Охриѓанец сакал да силува малолетничка

Полицијата трага по охриѓанец, кој се обидел да силува малолетничка, информираше МВР.

Охриѓанка на возраст од 40 години вчера во 12 часот во СВР Охрид пријавила дека околу 1.15 часот, додека нејзината 16 годишна ќерка се враќала пеш кон нејзиниот дом, била следена од Н.Т од Охрид.

Тој пред влезот од нивната зграда почнал да ја допира по телото. Кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што Н.Т. избегал од местото на настанот.

Известен бил Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.