
Земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 13 часот и 18 минути во охридското епицентрално подрачје.
Според Европскиот сеизмички центар, земјотресот бил со епицентар на 5 километри северозападно од Ресен, на длабочина од 2 километра. Почувствуван е во Охрид, Струга, но и во Скопје.
Од 18 јуни до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена.
Ноќта кон понеделникот во 3,45 часот и 45 минути е регистриран уште еден потрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер.
Два земјотреса беа почувствувани и рано изутрината во охридското епицентрално подрачје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентрите на овие земјотреси биле на 10 километри источно од Охрид. Првиот е регистриран во 3 часот и 9 минути со Рихтерова магнитуда 2,8 а беше почувствуван во Охрид, Ресен и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Вториот се случи во 3 часот и 54 минути со Рихтерова магнитуда 3,7 и интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Видео: Охридпрес
https://www.youtube.com/watch?v=Ol8k758TLfA
Шо земјотрес во Охрид?!? pic.twitter.com/f1oZMZEPOn
— Митков (@_Mitkov_) July 3, 2017
Страшен земјотрес во Охрид! Падна све од ѕидој! pic.twitter.com/hrYg6XZOz5
— Махоски (@KMahoski) July 3, 2017
Кај баба ми цела витрина ја испразна, се искршија чаши, рамки за слики.. Лошото по нив, ама муабетов ми е колку беше јак. pic.twitter.com/rKmwkXFgNq
— Махоски (@KMahoski) July 3, 2017