Во магацин на охриѓанец полицијата пронајде и заплени 7.000 петарди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера во магацинот од кафулето „Фул“ во село Лесковец, сопственост на 45-годишниот Љ.Џ полицијата пронајде пиротехнички средства.
Станува збор за 7.000 разновидни парчиња петарди кој тој планирал да ги продава за празниците.
Против него е поднесена кривична пријава.