ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: СДСМ преку Чаушот порачува дека ќе врши притисок и потпкуп на гласачите

Дали тоа што човекот од поитичкото подземје Зекир Бекири Чауш поседува информации од доверлив карактер кои директно произлегуваат од Министерството за труд и социјална политика, го најавува планот на СДСМ и премиерот Зоран Заев во текот и на оваа изборна кампања да вршат притисок и поткупуваат гласачи преку нудење на разни поволности за овие загрозени групи на граѓани, прашуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп и истакнуваат дека ресорната министерка Мила Царовска воопшто не реагирала на ова истекување на доверливи лични податоци на граѓаните.

Дали текстот и списоците кои вчера беа објавени во порталот Инфомакс се само потврда за сите граѓани на Прилеп и Македонија во врска со изборните нерегуларности и кражбата на гласови кои СДСМ ги направи пред и за време на парламентарните избори во декември 2016-та, а и за оние што се спремаат да ги прават на престојните локални избори.

Порталот пренесе тоа што било објавено на фејсбук профилот од Закир Бекири Чауш или познат како еден од најверните соработници на Заев. Беше објавен список на лица приматели на социјална помош, на кои сега истата им била укината затоа што добиле помош од роднини од странство, преку системот за брз трансфер на пари. На овој список се лица од ромската националност, со место на живеење во Прилеп, во населбата Тризла.

Станува збор за „вообичаениот начин на функционирање на СДС, со заплашувања, лаги и закани кон ранливите категории на граѓани да дојдат до глас повеќе“, реагираат од прилепскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп најостро реагираме на ваквото противзаконско делување на СДС и министерката Мила Царовска и им порачуваме да не им падне на памет и на
следниве локални избори да злоупотребат макар и еден наш сограѓанин! СДС им ветувале на овие лица дека ќе им биде вратено правото на социјална помош. Наместо тоа, министерката Царовска го зголемила списокот на лица кои го изгубија ова право,а на дел од нив сега СДС дури и им се заканувале. На ваков ли начин СДС ќе се грижи за најранливите категории граѓани во Македонија?“, се порачува во реакцијата