Јокиќ го однесе Денвер до полуфинале, Феникс ги елиминира Лејкерси

На крилјата на Никола Јокиќ Денвер го осигра своето место во полуфиналето од разигрувањето за титула во НБА лигата откако славеше во шестиот натпревар од серијата против Портланд со 115-126. Српскиот интернационалец беше првото име на мечот со 36 поени на кои додаде и 8 скока и 6 асистенции. Дамиен Лилард одново одигра одличен натпревар реализирајќи 28 поени и 13 асистенции, но тоа беше недоволно за изборување на „мајсторка“.

Феникс го елиминираше актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс откако шестиот натпревар од серијата го доби со 100-113. Девин Букер блесна за составот од Аризона со 47 поени и 11 скока, додека Леброн Џејмс беше првото име во редовите на Лејкерс со 29 поени, 9 скока и 7 асистенции.

https://twitter.com/Suns/status/1400683680536817666?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1400683680536817666%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Fmaestralniot-jokik-go-predvodeshe-denver-do-polufinale-feniks-gi-eliminirashe-kralot-i-lejkers%2F

Овие два тима ќе се борат за место во конференциското финале.