Јокиќ и Дончиќ во најдобрата петорка на сезоната во НБА лигата

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, лидерот на Милвоки Бакс, Јанис Адетонкумпо, капитенот на Голден Стејт Вориорс, Стефен Кари и најдобриот игач на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Леонард, се избрани во најдобрата петторка во текот на основниот дел на сезоната во НБА, објави лигата во средата.

Адетонкумпо беше единствениот кошаркар со сите 100 гласови за првата НБА петорка, или максималните 500 бодови во која е вброен третата година со ред, а петти пат вкупно во кариееата.

Најкорисниот играч (МВП) на сезоната, Никола Јокиќ, во првата петорка е избран вторпат во последните три сезонаи, а за тоа добил 99 од 100 гласови, односно 498 бодови.

Најдобриот стрелец во основниот дел од сезоната, Стефен КАри со 32 коша во просек по меч добил 98 гласови за најдобрата петорка, или 496 бодови, во која е избран по четврти пат.

Лука Дончиќ, втора година по ред е дел од најдобрата НБА петорка со 55 гласови или вкупно 402 бодови, додека Каваи Леонард е третиот пат е избран во првата петорка со 28 гласови или вкупно 3232 бодови, што беше вотриот најдобар вкупен збир меѓу крилните играчи зад Адетонкумпо.

Секој глас за првата петорка носеше пет бодови, за втората три а за трета еден боди, а сласачите од пишуваните и електронските медиуми мораа во својот избор да вбројат по два бека, две крила и еден играч на центарската позиција.

Така, ѕвездата на Портланд Трејл Блејзерс, Дамијан Лилар со 372 бодови и центарот на Филаделија 76ерс, Џоел Ембид со 352 бодови завршија во втората петорка поради позициите на коишто настапуваат во своите екипи, иако имаа повеќе подови од Каваи Леонард.

Покрај овие двајца, во втората постава на сезоната во најсилната кошаркарска лига на светот влегоа и плејот на Феникс Санс, Крис Пол со 311 бодови, крилниот центар на Њујорк Никс, Џулиус Рендл со 253 и лидерот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс со 174 бодови.

Третата петорка ја прават центарот на Јута Џез, Руд Гобер со 148 бодови, крилот на Мајами Хитс, Џими Батлер со 131, Пол Џорџ од ЛА Клиперс со 89, најдобриот стрелец на Вашинтон Визарс, Бредли Бил со 71 и плејмејкерот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг со 61 бод.

Крилниот играч на Болтин Селтикс, Џејсон Тејтам, имаше 69 бодови – повеќе од Ирвингм, но неговата позиција веќе беше пополнета, по остана првиот „под линијата“.