Околу 100 руски уметници денес го потпишаа писмото за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, во неговата офанзива насочена кон Украина и Крим, пренесе „АФП“.
Поддршка кон Путин изразија и диригентот Валериј Георгиев и кино режисерот Павел Лунгин.
Во писмото, што е објавено на сајтот на руското Министерство за култура, уметниците велат дека не можат да останат „рамнодушни набљудувачи“ на настанатата ситуација.
„Категорично ја поддржуваме позицијата на рускиот претседател за Украина и Крим“, се вели во обраќањето.
Меѓу потписниците се директорот на Маринскиот театар во Санкт Петербург, Валериј Гергиев и директорот на Балшој театарот во Москва, Владимир Урин. Поддршка кон Путин изразиле уште и шефот на Кремљските музеи, Елена Гагарин и директорот на музејот „Пушкин“, Ирина Антонова.
Потпис под писмото ставиле уште и пејачот Николај Расторгуев и режисерот Фјодор Бондарчук.