Околу 18.000 лица се евакуирани поради поплавите во индонезискиот град Тебинг-Тинги во провинцијата Северна Суматра. Поплавени се над 5.000 домови.
„Нивото на водата во куќите на луѓето достигна еден метар“, соопштуваат од Националната агенција за ликвидирање на последиците од природни катастрофи.
Властите предупредуваат дека се очекува експанзија на катастрофата предизвикана од долги поројни дождови.