Околу 40 проценти од украинската електрична мрежа не е во функција

Речиси половина од електричната мрежа во Украина и денеска останува во прекин, една недела по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти приватниот оператор ДТЕК, нагласувајќи дека десетици работници се убиени или повредени.

-Русија уништи 40 отсто од украинскиот енергетски систем со терористички ракетни напади. Десетици работници загинаа и се повредени, се наведува во соопштението на ДТЕК на Телеграм, во кое се додава дека електричарите прават напори да ги санираат дефектите.

Русија во октомври почна да ги таргетира украинските енергетски капацитети. Предизвикана е голема штета на мрежата и милиони Украинци секојдневно се соочуваат со недостиг на електрична енергија.