Малку помалку од 70 медицински сестри и лекари кои работат на одделите за интензивна нега во болница во Малага биле позитивни на тестовите на коронавирусот откако присуствувале на божикна забава, соопштија во понеделникот здравствените власти во Шпанија.
Вкупно 68 здравствени работници во регионалната Универзитетска болница во Малга се позитивни на коронавирусот, соопшти регионалната влада на покраината Андалузија.
Здравствените власти велат дека го истражуваат изворот на заразата, но познато е дека сите 68 медицински работници биле на божикната забава на којашто на први декември вкупно присуствувале 173 лица.
Му препорачаа на медицинскиот персонал во другите јавни и приватни болници во Андолузија да не одат на божикните забави,
Сите заразени имале антигенски тестови или биле вакцинирани со третата доза од вакцините против Covid-19 пред забавата, истакнаа здравствените власти додавајќи дека заразените имаат благи симптоми.
Шпанскиот премиер Педро Санчес ги предупреди сонародниците да внимаваат да не се зараат со коронавирусот во текот на католичките божикни празници.
„Не смее да ни попушти претпазливоста“, изјави Санчез за новинарите во Мадрид.