Околу 700 пациенти се евакуирани поради пожар во болница во Јоханесбург

Околу 700 пациенти беа евакуирани денеска од болница во Јоханесбург, каде избувна пожар во некои оддели.

– Засега нема извештаи за жртви или повредени, а пожарот е локализиран. Сепак, болницата ќе биде затворена неколку дена, изјави Дејвид Махура, премиер на јужноафриканската провинција Гаутенг.

Тој додаде дека околу 400 пациенти се веќе префрлени во други јавни болници, а останатите 270 пациенти ќе бидат преместени до крајот на денот.