
Вчера 8 часот било пријавено дека во Струга на улицата „Пролетерски Бригади“ во објект на “ТТК-Банка“-АД Скопје, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената, при што одзел околу 60.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од ПС-Струга и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.