Ѓоковиќ би требало да игра на Ролан Гарос иако не е вакциниран

Roland Garros in Paris, France, 09 October 2020. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Француските и италијанските медиуми во саботата објавија дека првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ би требало да игра на годинешното издание на Ролан Гарос и покрај тоа што е не вакциниран против коронавирусот.

Имено, во Франција донеле одлука да се измени досегашниот закон врзан со вакцинирањето и сите оние кои прележале Covid-19 наназад половина година имаат право слободно да се движат во земјата.

Тоа е причинаа поради којашто српскиот тенисер би можел нормално да се појави во Париз и да игра на Ролан Гарос, бидејќи неодамна во Мелбурн пружи докази дека на 16-ти декември бил позитивен на Covid-19 а негативен на 22-ри декември 2021 година.

Меѓутоа, како што пишуваат француските медиуми, имајќи предвид колку законите во оваа пандемија многу често се менуваат, прашање е какви прописи ќе важат во следните неколку месеци.

Ролан Гарос почнува на 22-ри мај и завршува на 5-ти јуни, а доколку Ѓоковиќ ќе има право да учествува тогаш ќе ја брани титулата освоена минатата 2021 година. Тогаш во полуфиналето го победи Надал, а во финалето напреви пресврт од 0:2 во сетови против Циципас.