![medvedev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/medvedev.jpg?resize=640%2C441&ssl=1)
Данил Медведев ќе биде противникот на Андреј Рубљов во големото финале на АТП турнирот во Дубаи и тоа откако вечерва во полуфиналето успеа да го надигра првот светски рекет Новак Ѓоковиќ.
Медведев е во извонредна форма, ги освои турнирите во Ротердам и Доха или поточно ова за него беше 13. триумф во низа и тоа против најдобриот на планетава. Русинот славеш со идентичен резултат во двата сета, односно со 6-4 и 6-4.
Во првиот „период“ видовме три брејка, додека во вториот како одлучувачки се покажа првиот гејм во кој Медведев го освои сервисот на противникот и потоа не дозволуваше контра удар, па сосема заслужено ќе има шанса за нов пехар и тоа во краток временски период.
Со ова воедно Данил ја прекина серијата на Ѓоковиќ од 20 триумфит или поточно му го нанесе првиот пораз од 2023 година.