![Western and Southern Open](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/novak-djokovic.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Првиот светски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ го совлада Канаѓанецот Милош Раонич во финалниот меч од турнирот во серијата Masters кој наместо во Синсинати се играше во Њујорк, со резултат 1:6, 6:3 и 6:4.
За победата на годинешното издание на АТП турнирот Western and Southern Open, Ѓоковиќ освои 4,2 милиони долари.
Ова беше 11-от меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Раонич и 11-та победа на српскиот тенисер.
За Ѓоковиќ ова е 80-та титула во кариерата, а 35-ти од некој од „мастерс 1000“ турнирите. Покрај тоа, со саботниот триумф Ѓоковиќ стана првиот играч во историјата кој секој од „мастерс 1000“ турнирите го освојувал најмалку двапати. На Western and Southern Open славеше во 2018-та, кога турнирот се играше во Синсинати.
Раонич и по својот 23-ти настап во финале на некој АТП турнир остана на осум титули, а последната ја освои уште во јануари 2016 година во Бризбејн, истата година кога играше во финалето на Вимблдон.