Ѓоковиќ не спречи сензација на Фокина (ВИДЕО)

Давидович Фокина во минатото често беше спаринг партнер на Новак Ѓоковиќ и добро ја познава играта на светскиот рекет број еден, па после два убедливи порази, денеска конечно дочека шанса да го шокира Србинот.

Шпанскиот тенисер како 45-ти играч на АТП листа ја приреди сензацијата на денот, но и на турнирот во Монте Карло кој започна вчера, а кој до крајот ќе продолжи без главниот фаворит за титулата.

Во отсуство на Рафаел Надал и Данил Медведев, Ноле се истакна како прв фаворит и покрај тоа што одигра само еден турнир оваа сезона, но недостигот на континуитет дојде до израз ова попладне и загуби од Фокина.

Шпанецот го доби првиот сет со 6:3 и најави дека е подготвен за сензација, која можеше да биде и поекспресна ако се земе во предвид дека поведе и со 3:0 во вториот сет. Сепак, Ноле не се предаде и го однесе вториот сет во тајбрејкот, па дури и го доби истиот и израмни на 1:1 по еден спектакуларен поен, по кој бараше поддршка од публиката.

https://twitter.com/TennisTV/status/1513906230355451906?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1513906230355451906%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fgjokovikj-se-izbori-za-tret-set-i-barashe-poddrshka-od-publikata-no-ne-sprechi-senzacija-na-fokina-video%2F

На крајот, одлучувачкиот сет беше навистина едностран и тоа изненади многумина, бидејќи Фокина беше на висина на задачата, а Новак падна на другата страна и претрпе убедлив пораз од 6:1 за елиминација уште на стартот.