Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на Австралија опен?

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Новак Ѓоковиќ можеби нема да биде во можност да настапи на Австралија опен идната година, откако властите забранија влез на странци во земјата до 2022 година.

Забраната важи и за оние кои сакаат да ја напуштат Австралија, што значи дека е забранет и влез и излез од државата поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. На целиот континент ситуацијата драстично се влоши и бројката на новозаболени забележа екстремен скок. Воведен е и полициски час и многу други рестрикции.

Сите овие мерки значат дека одржувањето на Австралија опен од 18 до 31 јануари идната година е малку веројатно. Тешко дека тенискиот грен слем би се играл само со домашни играчи, но можеби ќе бидат воведени олеснителни околности за тенисерите од целиот свет.

Ју-Ес опен и Ролан Гарос минаа во релативно добра организација со многу мал број на заразени со Ковид-19. Ако организаторите на Австралија опен ги ископираат протоколите можеби ќе се игра тенис во Мелбурн, но последниот збор го имаат властите во државата.