
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ја започна 378-та недела на врвот на АТП ранг-листата.
Тенисерот по број на недели ја престигна Германката Штефи Граф (377 недели) како прв светски рекет во историјата на тенисот.
Во Топ 5 најдобри тенисери во историјата на тенисот се и Мартина Навратилова (332 недели), Серена Вилијамс (319 недели) и Роџер Федерер (310).
Рејтингот на Здружението на тениски професионалци е воспоставен во 1973 година.