Светскиот тенисер број еден и актуелен освојувач на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ, успешно го стартуваше походот кон најголемиот за него Гренд Слем турнир во календарската сезона.
Младиот и талентиран британски тенисер, Џек Дрејпер, не претставуваше посериозна пречка по амбициите на Србинот, иако воведниот сет му припадна токму нему (4:6, 6:1, 6:2, 6:2).
Веќе во вториот сет српскиот рекет се врати во своето препознатливо светло и практично го „откажа“ Дрејпер по охрабрувачкото одмерување на силите.
Дрејпер до крајот на двобојот освои само пет гемови, додека пак Ѓоковиќ рутински го обработи продолжението од мечот.