Официјални лица на округот Санта Барбара, во јужниот дел на Калифорнија, вчера прогласија вонредна состојба поради пожарите кои се шират брзо поради силните ветрови и високите температури, а поради кои 3.200 жители морале да бидат евакуирани.
Пожарот наречен “Холидеј”, една од повеќе од 30-ина кои беснеат во западните држави на САД, избувна на брегот во близина на населбата Голета во петокот вечерта, а потоа зафати сува вегетација во подножјето на ридовите јужно од Националната шума Лос Падрес.
Официјалните лица изјавија дека огнот оставил 2.000 луѓе без електрична енергија, а околу 350 пожарникари го користат сегашниот период на послаби ветрови за да со изгаснат пожарот кој уништил 20-32 хектари и 20 објекти, но досега се локализирани само пет проценти од огнот.
Се очекува ветровите и температурите повторно да се зголемат.
Вчера беше регистрирана и првата жртва на огнот- непознато лице кое било пронајдено во изгорена куќа, а кое почина во пожарот „Кламатон“ кој почна во четвртокот во близина на границата на Калифорнија со Орегон.
Инаку, во јужниот дел на Калифорнија е како фурна поради топлотниот бран за кои метеоролозите велат дека може да биде рекорден, со температури во оваа област од околу 40 степени Целзиусови.На многу локации во Јужна Калифорнија во раните утрински часови се измерени температури од околу 27 степени Целзиусови, а во Гавиота во Санта Барбара, 200 километри западно од Лос Анџелес, во три часот наутро биле измерени околу 37 степени Целзиусови.
Националната метеоролошка служба на САД објави дека причина за ваквото невреме е „гигантска“ купола на висок притисок над јужниот дел на Калифорнија кој се шири во делови на Аризона, Невада и Јута.