Универзитетот во Оксфорд престана да им аплицира на деца и тинејџери вакцина развиена со „Астра Зенека“ како дел од студија, во очекување на повеќе информации за случаи на згрутчување на крвта пријавени по вакцинирањето, објави Волстрит џурнал.
ЕМА истражува 44 извештаи за исклучително ретки случаи на згрутчување во мозокот, познато како тромбоза на церебрален венски синус (CVST) и се очекува да ги објави своите наоди в среда или четврток.
Претставник на ЕМА претходно изјави дека постои јасна „врска“ помеѓу вакцината на британско-шведската компанија и ЦВСТ, но дека вистинската причина се уште не е позната.
– Оксфорд ќе почека за дополнителни информации од регулаторот за лекови во Велика Британија пред да продолжи да им дава вакцина на деца и тинејџери како дел од истражувањето – изјави портпаролот на универзитетот за Волстрит џурнал.