Октомври 2017 година бил најкрвавиот месец во последните дваесет години во Мексико, со 2.764 убиства, покажува официјалната статистика објавена во вторникот.
Вкупно 23.968 луѓе се убиени во Мексико меѓу јануари и октомври оваа 2017 година. Во 2011 година, којашто досега била најсвирепата, вкупната броја изнесувала 22.852 убиства.
Оваа статистика предвид не ги зема лицата коишто се водат како исчезнати. Најмногу насилства и убиства се регистрирани при пресметките меѓу ривалските наркокартели и бандите.