Реал Мадрид и Бешикташ минаа во осминафиналето, луд меч во Севилја

севилја - ливерпул (3:3)

Актуелниот европски фудбалски шампион Реал Мадрид го осигури учеството во осминафиналето во Лигата на шампионите едно коло пред крајот на фазата по групи, откако во средбата од петтото коло во Групата Ха во Никозија го совлада АПОЕЛ со 6:0.

Пласманот во вториот круг од најелитното клупско континентално натпреварување го осигури и турскиот претставник Бешикташ, придружувајќи им се на Тотенхем, Манчестер Сити, ПАри Сен Жермен и Баерн Минхен кои тоа го сторија веќе по четири кола.

Реал Мадрид рутински го одработи гостувањето на Кипар. Целата работа европскиот и шпански шампион ја заврши веќе во првото полувреме кога постигна четири голови, а потоа во второто со уште два ја потврди својата супериорност.

Мрежата на АПОЕЛ ја начна Лука Модриќ во 23 минута со удар од повеќе од 20 метри, е негов прв гол за Реал по повеќе од една година. До крајот на полувремето погодија Карми Бензема во 39 и во првата минута од судиското продолжение и Начо во 41 минута, а во вториот дел двата гола ги постигна Кристијано Роналдо, во 49 и 55 минута.

Во вториот дуел од оваа група Тотенхем со пресврт ја победи домашната Борусија Дортмунд со 2:1 и си го обезбеди првото место. Лондонскиот клуб и пред ова коло го имаше осигурано осминафиналето, но со оваа победа ја обезбеди и првата позиција.

Домашните поведоа во 31 минута преку Пјер-Емерик Обамејанг по додавањето со петица од Андриј Јармоленко. Обамејанг можеше и претходно да биде стрелец кога во 19 минута излезе сам пред гостинскиот голман Уго Љорис, но шутираше крај голот. До крајот на полувремето „Спарси“ имаа две одлични шанси да изедначат, но домашниот голман Роман Бурки двата феноменално интервенирапе. Прво го запре шутот на Кристијан Ерискен, а потоа и на Ерик Диара. Сепак во 48 минута не можеше ништо да стори кога Хари Кејн со ува удар од работ на казнениот простор изедначи на 1:1, а целосниот пресврт го направи Хеунг-Мин Сон во 75 минута.

Во Групата Х моментално на табелата води Тотенхем со 13 бодови, Реал Мадрид има 10, Борусија Дортмунд и АПОЕЛ имаат по два бода.

 

Во Групата Ф Манчестер Сити и пред ова коло го обезбеди минувањето, а со победата над Феенорд од 1:0, „Граѓаните“ го зачуваа и првото место. Но Сити го скрши холандскиот шампион дури во 88 минута со голот на Рахи Стерлинг.

Во вториот меч од групата Наполи на свој терен го совлада Шахтјар со 3:0 и остана во игра за пласман во осминафиналето, и покрај слабата претстава во првото полувреме кога украинскиот клуб ги умртви и заврши без голови. Головите за водечкиот тим во Серија А ги постигнаа Лоренцо Исиње со фантастичниот удар од повеќе од 25 метри во 57 минута, Пјотр Зиелински во 81 и Дри Метенс во 83 минута. Наполи сега ора да победи во последното коло против Феенорд на гости во Ротердам, и да се надева дека Сити во Украина ќе го совлада Шахтјар.

Во групата Ф на табелата води Манчестер Сити со сите 1 бодови, Шахтјар им 9 а Наполи 6 бодови, додека Феенорд е без бодови.

 

Во дербито од Групата Е, Севилја и Ливерпул одиграа неверојатен меч кој заврши без победник 3:3, иако англискиот претставник на полувремето замина со предност од 3:0. Се чинеше дека гостите ќе дојдат до рутинска победа, но Севилја во второто полувреме одигра фантастично.

Гостите до водството од три гола разлика дојдоа по само половина час игра. Првите два гола Ливерпул ги постигна на идентичен начин, прво Кутињо во 2 минута изведе корнер, Вијндлум топката ја пренесе на втората статива каде Фирмињо погоди за 1:0, а во 22 минута Кутињо повторно изведе корнер, но овојпат на подалечната статива топката ја префрли Фирмињо а стрелец беше Мане. Одличната партија Фирмињо ја круниса во 30 минута со својот втор гол. И кога се чинеше дека Ливерпул рутински ќе ја одбрани огромна предност, Севилја направи огромен пресврт во играта. Бен Једер во 51 минута намали на 1:3 по додавањето од Евер Банега, а пота реализираше пенал во 81 минута. Лудилото на „Санчез Пизхуан“ се случи во третата минута од судиското продолжение кога Гвидо Пизаро погоди за 3:3.

Во вториот дуел од колото Спартак во Москова повторно киксираше против тоталниот аутсајдер Марибор играјќи 1:1, идентично како и во „Људски врт“ во првиот натпревар. Рускиот претставник против словенечкиот испушти четири бодови кои можеби се и клучни во борбата за натамошната фаза. Спартак поведе дури во 82 минута преку Зе Луиш, а беше шокиран од Јасмин Мешановиќ во втората минута од судиското продолжение.

На табелата од Групата Е води Ливерпул со 9 бодови пред Севилја со 8 и Спартак со 6 а Марибор има 2 бода.

 

Во Групата Г Бшикташ го обезбеди првото место откако во Истанбул одигра 1:1 со Порто, со што првпат во својата историја се избори за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, иако во 1987 година играше во четвртфиналето од тогашниот Куп на шампионите. Интересно е што Бешикташ во шесте домашни средби со клубови од Португалија никогаш не забелеажал победа, но овојпат и нерешениот исход беше доволен да слави.

Порто поведе во 29 минута со голот на Фелипе, а изедначи Андесон Талиска во 31 минута по одличниот продор и асистенција на Ченк Тосун. Во второто полувреме Бешикташ имаше две одлични шанси да поведе но во 58 минута Рајан Бабел од 18 метри ја стресе пречката, а три минути подоцна Рокардо Кварезма одлично шитураше по убавиот дриблинг, но Хосе Са уште поубаво одбрани.

Во вториот меч од оваа рупа РБ Лајпциг на гостувањето кај Монако беше убедлив со 4:1, а сите пет голови беа постигнати во првото полувреме. По девет минути Лајпциг веќе водеше со 2:0, откако бразилскиот бек Жамерсон направи две катастрофални грешки. Во 6 минута ја погоди сопствената мрежа а три минути подоцна им ја подари топката на гостите по што Тимо Вернер го удвои водството. Истиот играч во 31 минута реализираше пенал за високите 3:0. Радамел Фалкао намали во 43 минута, но две минути подоцна Наби Кеита го постигна конечниот резултат.

Во Групата Е пред последното коло Бешикташ има 11 бодови и е недостижен за другите тимови, бидејќи Порто има 7 како и РБ Лајпциг, но Порто е подобар во меѓусебните средби. Монако е последен со два бода. Во последното коло Порто го пречекува Монако, аЛајпциг ќе биде домаќин на Бешикташ.