Од друга страна, поранешната сопруга на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо, до 2021 година, како директор за програми за граѓанско општество на глобално ниво во Ист вест менаџмент и одговорна за регионот на Југоисточна Европа, ќе има главен збор во распределба на околу 9,5 милиони долари што преку американската агенција УСАИД ќе им се дадат главно на соросовите организации во Македонија затскриени зад завесата на терминот „невладини“. Таквата можност таа ја добива врз основа на тендер завршен во септември минатата година, кога целата работа е завршена поради можната смена на администрацијата во САД.
1. Зошто е важно да се фокусираме на мрежата на Сорос во Албанија?
Мрежата на луѓе и организации под влијание, финансирани и контролирани од Џорџ Сорос во Албанија, има речиси целосна контрола врз власта и државните институции, почнувајќи од премиерот Еди Рама, па се до градоначалникот на Тирана Ерјон Велиај. Во текот на последните децении, неограничената, непроверена и речиси непредизвикана контрола на Соросовата мрежа за финансирање на тоа што се смета како „граѓанско општество“ во Албанија, неговото тајно влијание на средствата донирани од американскиот народ за Албанија, покрај отворената поддршка на Џорџ Сорос за левичарската влада на Еди Рама, во голема мера придонесе за зголемено отуѓување на Албанците од надворешната политика на САД и нејзините цели.
2. Сериозна платформа на моќ и влијание
Соросовата мрежа на организации, политичари, јавни личности и локални работници кои работат во агенции за донации во и околу Албанија е во јасна позиција да се здобие и со меѓународно влијание и локално да ја финансира владата на Рама и нејзините подружници, преку Амбасадата на САД во Тирана и преку своите контакти и влијание во Стејт департментот. Локалните членови на оваа мрежа се традиционално привилегираните корисници на грантови и проекти од УСАИД и од ЕУ, што во Албанија се планираат и имплементираат од ексклузивен клуб на лица и невладини организации кои обично се нарекуваат „граѓанско општество”, „невладин сектор“ или „трет сектор“. Во текот на минатата деценија „третиот сектор“ стана во голема мера идентичен со мрежата на Сорос. До 2015 година и двата термини може да се користат наизменично.
3. Клучни активности
Мрежата активно лобираше за донесување на судските реформи во Албанија, јасен обид за ставање на албанскиот судски систем под контрола на владата на Рама. Во 2015 година УСАИД одобри проект во вредност од 9 милиони долари за реформи во албанскиот правен систем. Овој проект од стратешко значење е имплементиран од страна на една невладина организација на чело со Делина Фицо, член на Управниот одбор на фондацијата „Отворено општество“ за Албанија, сопруга на министер од сегашната влада и поранешена партнерка на премиерот Еди Рама.
За погубното влијание на Сорос во правосудниот систем на Албанија зборува и истакнатиот албански аналитичар и експерт за меѓународна политика Илир Кула, кој вели дека влијанието на Фондацијата на Сорос во Албанија е огромно и дека суштината на овие реформи е владеење на една партија над другите.
Кула во политиката емисија „Комитети“ потсети на случај на разрешувањето на министерот за правосудство на Албанија Или Мањани, кој пред две недели на јавно проговори дека реформите во судството во Албанија се одвиваат како што ќе каже Сорос.
Исто така, тој потсети и какви се проблеми се создадоа во земјата благодарение на присуството на амбасадорите на САД и со влијанието на Сорос.
Покрај реформите во правниот систем, Сорос го финансираше и контролираше клучниот проект „Развојот во Албанија“ во областа на економската политика што го спроведе Центарот за меѓународен развој на универзитетот „Харвард“, предводен од Рикардо Осман.
Центарот ги спроведува сите економски реформи во Албанија, вклучувајќи ги и реформите во банкарскиот сектор, реформите во приватизацијата, дерегулацијата, микро-финансирање и јавно-приватно партнерство. Покрај речиси целосна контрола и влијание врз голем дел од странската помош за Албанија, која вклучува фондови од УСАИД и кредити од Светската банка, Џорџ Сорос нашироко се смета дека е во позиција да влијае на ставот на Стејт департментот за Албанија и воопшто на Амбасадата на САД во Тирана, а особено на американскиот амбасадор Доналд Лу.
Пoтврда на ова доаѓа и од Вашингтон. Политичкиот аналитичар Тед Вуд во колумна во „Вашингтон пост“ прашува дали е во ред американски амбасадор во туѓа држава да уценува една политичка партија се со цел да обезбеди предност за другата партија.
„Дали е во ред американски амбасадор да го диктира текот на политиката во странска држава, а при тоа да упатува закани во облик на последици кои ќе следат за оној кој нема да работи според диктатот. Дали е прифатливо американски амбасадор да ја спроведува агендата на унгарско-американски милијардер и неговата фондација, а не интересите на САД“, пишува во Вашингтон тајмс, американскиот политички аналитичар и безбедносен експерт Тед Вуд.Објаснувањата во врска со моќната позиција на Џорџ Сорос во однос на влијанието врз надворешната политика на Албанија се слични на оние кои го објаснуваат неговото влијание во посткомунистичките земји како Ерменија и Грузија. Одредени факти ги потврдуваат некои од овие аргументи, особено во однос на неколку поединци кои се унапредени на позиции на моќ во Албанија. Иако е јасно дека многу од гласините во врска со Џорџ Сорос и неговото влијание врз надворешната политика на САД, американските амбасади и албанските носители на одлуки се преувеличуваат, неколку потврди за нивната вистина и перцепција како такви неизмерно му штетат на угледот на САД во Албанија.
4. Клучни лица
Клучот соговорник на Џорџ Сорос за Албанија и за Балканот е Џонас Ролет. Најважните Албанци што се директно поврзани со Соросовата мрежа се: Еди Рама, премиерот на Албанија, Анди Добруши, директор на фондацијата „Отворено општество“ во Албанија (ФООА) , Валдет Сала, поранешен директор на одборот на ФООА и поранешен генерален секретар на Комунистичката младинска партија на Албанија, Делфина Фицо (поранешна партнерка на премиерот и членка на одборот на ФООА), Линда Баша, Рама (сегашната сопруга на премиерот Рама и поранешна членка на одборот на ФООА) Милва Економи (министерката за економија и поранешна членка на одборот на ФООА) Дитмир Бушати (министер за надворешни работи, поранешен директор на невладина организација финансирана од ФООА), Ерион Велиај (градоначалник на Тирана, поранешен лидер на невладината организација „Мјафт“ основана од ФООА), Арбјан Мазнику (заменик градоначалник на Тирана, поранешен заменик-лидер на „Мјафт“), Ендри Фуга (шеф на одделот за односи со јавноста на премиерот, поранешен шеф за односи со јавноста на „Мјафт“), Валентина Лескај (пратеничка, поранешна членка на управниот одбор на ФООА), Еглантина Ѓермени (министерката за урбано планирање и туризам, поранешна директорка на невладина организација финансирана од ФООА), Хенри Чили (поранешен член на одборот на ФООА и сопственик на приватен универзитет, основана со средства од ФООА). Највлијателните клучни луѓе во медиумскиот сектор на Албанија што се директно поврзани на мрежата Сорос се следниве: Ремзи Лани (исто така поранешен генерален секретар на албанската комунистичка младинска партија), Љутфи Дервиши, Ирис Луараси, Алберт Ракипи, Пиро Миша, Бесар Ликмета, Арјан Васјари Алфред Лела, Аранита Брахај, Јонила Годоле and Африм Красниќи.
5. Столбовите на архитектура на невладините организации на Сорос во Албанија
Главните невладини организации што традиционално ги финансира фондацијата „Отворено општество“ – Албанија во соработка со УСАИД и НЕД, од кои повеќето традиционално функционираат како гранки на Социјалистичката партија во граѓанското општество, со неколку исклучоци на две или три невладини организации поврзани со претставници на Демократската партија на Албанија се следниве: БИРН Албанија, „Балкан инсајт“, „Репортер.ал“, „Опен дејта Албанија“, Европско движење – Албанија, центар за парламентарни студии, Мјафт, Партнери на Албанија, Институтот за демократија и медијација, албанскиот Изборниот совет, „Республика“, албанскиот институт за медиуми, албанскиот институт за меѓународни студии ( АИМС), албанскиот Институт за современи студии (ИСС), албанскиот Хелсиншки комитет, Родова алијанса за развој, здружение „Рефлексионе“, здружение за население и развој, Центарот за унапредување на човековиот развој (ЦУЧР), албанската платформа за застапување политика (АПЗП), „Транспаренси интернешнал“- Албанија, Институтот „Агенда“, Институтот за управување за Исток-Запад.
6. Влијанието на Соросовата мрежа на Демократската партија на Албанија
Иако мрежата 99% е под контрола од лица поврзани со Социјалистичката партија на Албанија, кои се нејзините главни политички клиенти и најголемите финансиски корисници, таа има навлезено и во десничарската опозиција. Демократската партија на Албанија во моментов е домаќин на неколку важни личности кои имаат корист од стратешката инвестиција на ФООА во нивните политички кариери. Овие неколку лидери од Демократската партија имаат директни контакти и работат со добро финансирани проекти, или со средства од ФООА или со средтсва од невладини организации или меѓународни партнери што се поврзани со ФООА. Обично тие добиваат, слично како и високите функционери од Социјалистичката партија, астрономски високи надосместоци за размена на извештаи или студии од само неколку страници, од мала или никаква вредност. Овој феномен влијаеше на државните советници на Демекратската партија кога таа беше на власт. И сега продолжува да влијае и во време кога партијата е во опозиција, но ефикасноста на своето дејствување е значително намалена и го загрозува кредибилитет на партија и нејзините шанси да победи на изборите.
7. Препораки
И покрај тоа што е многу тешко да се обезбедат генерички препораки за таква мрежа со локални, национални и меѓународни последици, сосема сигурно е дека нејзината крајна консолидација во сериозна структура способна да користи толку голема независна моќ и влијание не е веќе од корист ниту на Албанија, ниту пак на американско-албанските односи. Јасно е дека постоењето на локалната мрежа на Сорос и нејзините лоши дела не можат целосно да му се припишуваат на Џорџ Сорос, без оглед на неговата директна вмешаност во албанската политика во неколку наврати. Затоа уште поважно да се разоткрие локалната природа на мрежата за да се изолираат, до најголем можен степен, нејзините штетни последици на национално и на меѓународно ниво. Особено, повеќе внимание треба да се посвети на намалување на влијанието на локалните советници и локалните вработени вградени во структурата на УСАИД, Амбасадата на САД и други важни странски организации што оперираат во Албанија, врз основа на долгогодишните заговори и отворена и тајна соработка со мрежата на Сорос. Дистрибуцијата и ефикасноста од користењето на средствата донирани од страна на американскиот народ во Албанијa треба целосно да обелоденат. На Албанците досега не им беа познати случаите на злоупотреба и проневера на финансиски средства од САД, и покрај тоа што е сосема очигледно дека истите луѓе, во голема мера поврзани со ФООА и со Социјалистичката партија, или директно имаа корист од нив или директно ги контролираат.