Македонскиот репрезентативен плејмејкер во редовите на Фенербахче Улкер, Лестер Бо Мекејлеб, претре пораз во првиот натпревар од Топ 16 фазата во Евролигата од актуелниот европски шампион Олимпијакос со 95:82.
Мекејлеб имаше лоша партија на гостувањето кај Олимпијакос и за 31 минута на паркетот постигна само 4 поени на кои придодаде и три скока како и една асистенција.
Комплетни резултати од прво коло од ТОП 16 фазата од Евролигата
Група Ф:
Локомотив Кубан – ЦСКА Москва 77:84 (по продолжение)
Жалгирис Каунас – Баерн Минхен 66:84
Галатасарај – Макаби Тел Авив 84:90
Партизан – Реал Мадрид 64:80
Група Е:
Олимпијакос – Фенербахче 95:82
Уникаха – Каха Лаборал 79:93
Панатинаикос – Армани Милано 73:57
Барселона – Анадолу Ефес 84:65