ОМД: Пописот на дијаспората се политизира

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) оценува дека пописот на иселениците се политизира особено од страна на политичари и дипломати Албанци.

Оттаму ги повикаа иселениците, а и Македонците во Македонија да не го бојкотираат пописот.

„Иако бројката на дијаспората нема да влезе во бројот на жители на Македонија, пописот на иселениците засилено се политизира, особено од страна на политичари и дипломати Албанци и се претставува како важна статистичка операција од која зависат уставните права на нивната етничка заедница. Организациите и друштвата на Македонците во дијаспората во последните денови позасилено се вклучија во повикувањето на иселениците да учествуваат во пописот. Обединетата македонска дијаспора ги повикува и Македонците во Македонија да не го бојкотираат пописот“, напиша Мето Колоски од ОМД на Фејсбук.