Македонија се наоѓа пред можеби најголемата одлука во својата историја. Дали може народот да влијае или оваа игра ја играат други, навистина може само да се шпекулира. Арогантни аналитичари, хејтери, вулгарни и злобни станаа мејнстрим во ова време. Кому да му веруваш? Никому? Знам како ви е, но каде тоа не’ води?
ХЕЈТАЊЕ
Разбирам борба за земјата, за наша Македонија, но не можам да се помирам и да го прифатам начинот. Знаете, најлесно е да собереме пари, платиме егзекутори и да почнат да колат по куќи се’ она што се смета за предавник. И кој ќе одреди кој е предавник? Велелепни фејзбук шупелки или твитерски перверзњаци?
Во времето кога Македонецот треба да покаже најмногу ум, итрина, стратегија, интелект, знаење, пред се’ кон блудниот брат, ние гледаме изблици на најзлобното и најдолното – зошто? Затоа што он се прогласил за бранител на националните интереси и урла НЕ ЈА ДАВАМЕ! Тоа ли го прави некој патриот? Оној што прoтестира или оној што анализира статуси по социјални мрежи? На протести, пар стотини едни те исти, жално и тажно. Зошто? Затоа што нормалните бегаат како од шарените така од хејтерите. Хејтерството стана ин, мора да кажеш дека го мразиш тој и тој оти он ја предавал Македонија и затоа ќе добиеш безброј лајкови и со тоа ти си доблесен, како и оние кои те поддржале, оти само на нив и на нивни плеќи е оставена судбината на нашата земја – Македонија?!?! Секогаш има добра причина за хејтање, ма чуј, не добра, има најдобра, сите не чинат само ти си добар, мислам по неговите статуси, де…
Хммм…Тоа ли е патот?
Ај да видиме, еден мал сума сумарум до кај ја дотеравме.
Хејтерството го започнаа шарените, хејтање по личности, меѓу кои и јас, и моето семејство ни криво ни должно кое уште се хејта кога ќе западнат во некоја интелектуална апореа – „јанкосвињадебела“ е секогаш добар модус за дневно револуционерно подсeтување дека некој е отелотворена инкарнација на правдата, ма чуј, праведник, ма какви бре – Че Гевара главом и дувамвоауспух брадом. Секако политичари и новинари по име и презиме, научници кои беа активни секако и музичари, се’ што не беше на нивни список со немерлива вулгарност се напаѓаше. Една јадна и бедна особа на која и бев венчален кум побара од мене да ги заборавиме сите контакти меѓусебни кои воопшто сме ги имале. Секако еве, јавно го повлекувам и мојот потпис пред матичар, али на предуваното мозоче и баш не му е гајле, курташак му се тоа. Нејсе … Им успеа, но последиците си доаѓаат… Он ме мрази, јас една лоша помислам немам за него, ни ронка.
Секоја акција преизведува иста и спротивна рекација, вториот њутнов закон, кој една вечер во импровизација се заплеткав во емисија па беше за потсмев на цреповите кои ни самите не умееја да го повторат. Дојдоа на власт „демократски на сила“ и власта мораше да им се оддолжи и ги стави џанакократите на видни позиции, како и партизанитер 45 што мораа, кој ти гледа дали е кадарен за тоа, важно е заслужен. Арно ама сега имаме социјални мрежи и нема стрељачки одреди, па сега начекаа опозоцијата мило за драго и се беше ок. Им дишеа во врат и за секоја ситница низ гз им го вадеа на власта, исто како и они претходно… но….
Секоја власт си заслужува критика, а на социјални мрежи најлегитимно е ташак да си играш со неа … но како се вжештуваше состојбата, позицијата на опозиционер даваше многу сила, и се’ повеќе се извештија како шарените така и патриотите да им наплатат со камата… но…
Но, хејтањето кое го наследија од претходните веќе се губи од контрола. Ај некако, ОК коралот на препукување на две страни и секоја со легитимна кауза, туку у целово хејтање почна да се внесуваат елементи на кои не им е место, научници, црква, уметници…
Хистеријата ја почувствував на два пати и тоа со ист дискурс како и шарените кога ми плукаа по фамилија, првиот беше кога реков дека не сакам мафтање со странско знаме на протест за Македонија, и второто кога одбив да хејтам било кој музичар што ќе настапи.
Никогаш Македонец, патриот, домољуб, партизан, комита, борец, не ширел хистерија против црква, прозивки по монаси, научници, уметници, музичари… Простете, јас не можам да се најдам во тоа. Па, сега на тапет, дека и јас сум предавник?!?! Ама така мора, тоа го научија од шарените, секако дека легитимна цел е оној кој е ултра популарен и кој не работи за ниедна страна и за секоја, а најмногу за онаа за која секој од своја страна се повикува – народот, а преку ваков „јанкосвињадебела“ како мене, ќе добиеш многу лајкови и доказ дека си патриот.
Па, и сите партиски лидери не им чинат, ни музичари ни свештеници, ни странци, ни марсовци, и кои чинат? Само оние кои ти стиснале лајк на стаусот? Ок, ама до каде со тоа?
Јавно по кој знае кој пат, кажувам дека одбивам да мразам, најмалку луѓе од културата. Од 1992 сум во медиуми и 10 години као музички новинар пред да влезам на ТВ, па и тогаш повеќето од половината емисии ми се за наука, уметност, музика, здравство, култура, одошто за политика. Без оглед дали направиле вистински или погрешен потег, ако твојот брат те разочарал, па и духовник, и научник и уметник, треба ли во ова време на огромни поделби хистерично да се продлабочуваат тие? Многмина се правдаат дека не е омраза туку разочараност. Дечки, има огромна разлика од разочараност и хејтање или сакате да ја видите или не. Знаете, никогаш кога ќе ме разочара некој не сум јебал матер со се цела фамилија и со клетви како на стански обред на задушница. И тоа што не го правам со вас ме прави дека помалку си ја сакам земјата?
Не е ова писание да се помириме со судбината, но вие кои сметате дека треба да ја спасите Македонија и вие кои мислите дека ја спасувате, сметате дека ако се пљукате меѓусебно ќе ви успее? Колку сме поподелени, толку полесно ќе не скршат, а потоа кога ќе ја заебете работата, нема да си признате дека е до вас, а тогаш, пак, Јанко, секако ќе ви биде виновен, оти кога земјата го повикала да хејта, он одбил?
Земја не се брани со омраза! Борците гинеле со љубов кон Македонија и со љубов имале сила да ја бранат, а не со омраза кон непријателот. Никој од големите не сака да убива и мрази, се нашле во таков историки миг.
Сега не леат куршуми? Треба?
Ганди ја ослобдои Индија без насилство, но истрпе премногу жртви неговиот народ. Ние не сакаме од дома да мрднеме ама затоа сакаме прозивки да правиме. Дали мислите дека колку повеќе се поделуваме, на проруски и промарикански, некои кои се некои опротив договорот дека тоа ќе донесе решение или земјата ќе иде во бестрага. Јас мислам дека повеќе ќе страдаме од омразата меѓу нас одошто од било што друго. Веќе изгледа невозможно дека Македонците ќе се помират, секој се подлабоко во својот ров и никој не сака да го слушне другиот, луѓето не сакат вистина, луѓето сакаат да се во право – ништо друго.
Едните со венецот на демократија, другите со патриотизмот и би било убаво и добро за земјатра да има борци за демократија и патриоти, но закрвавуањето е се поголемо и подлабоко, никој никому не верува и секој секого го чека да му ја расплаче мамата.
Јас само обезервирам колку се напнати и едните и другите и ништо никој не постигнува. Буцкалата ќе профитираати затоа буцкаат, за да профитираат, не заради демократија или патриотизам, туку за лична и матерјална борба, а вие се палите на евтини статуси. Сори, ептен сори.
Одбивам да мразам, било кого, затоа што ќе се водам само од постулатите на Живиот Бог Христос, Кој Вели: Сакај го ближниот свој, сакај го непријателот, не мрази .. И не нека не ми мрсат со евтини фори од стариот завет кој Христос го поништи и ни го остави заветот на љубовте. Ќе се познаваме како браќа или како членови на партии? Ако овие постулати не се точни, викнете си го Мирко, ставете го претседател, запалете ги црвките направете ноеатеситичко тоталитарно општество и престанете да глумите и едните и другите, немате почит кон никого и ништо и преку тасета ви е за демократија и слобода, токму она за што се залагале нашите предци. Од такви земјата нема да оди напред, попрво гледам спас ако закрвените се сослушаат, се обидат со грам разум и срце да го разберат другиот, но јас овде тресам тинјеџерска патос демагогија на говор како за мис на светот… Не ја правдајте разочараноста и љубовта кон татковината со омразата, и вие кои сте на власт докурца од демагогијата на празните ваши муабети за небањати и недоветени глупави сендвичи, више ни вашите не ви веруваат на блуењата. Станувате се’ послични и едните и другите, кванти – исти само со спротивен набој – толку, суштински исти
И кој?
Се додека вие, народ не си изберете подобри, заглавени сте со овие. Додека не си одберете подоби и попаметни јас би сакал на иста маса да ги видам двете струи да се обидат да најдат заеднички именител, бидеејќи ни бојкотирање ниту поддршка, џабе ќе биде се додека се тераме у ПМ по секоја ситница и без почит еден кон друг.
Јеботе, ја стварно напишав говор за избор за мис глупача, на векот.
Ма да, во право сте, само глуп човек може да не мрази, да толерира, да има разбирање … и знам само еден таков кој ни даде најдобар пример, ама и него го поплукавме, и му заковавме клинци на рацете.
Автор: Јанко Илковски