Обединетите Нации ќе обезбедат помош за сириските бегалци во Ирак во износ од 542 милиони долари, соопшти „ИТАР-ТАСС“.
“ОН одлучија да издвојат сума од 542 милиони долари за помош на сириските бегалци во Ирак“, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун за време на вториот ден од посетата на Ирак.
Бан Ки Мун изрази благодарност кон соседните земји на Сирија, поради тоа што ги отвориле вратите за бегалците.