Специјалниот претставник на ОН за Сирија и главен преговарач на мировната конференција Женева-2, Лахдар Брахими, истакнал дека ОН ќе продолжи да работи со Русија и САД за регулирање на кризата во Сирија, соопшти РИА Новости.
„Убеден сум дека САД се клучни партнери на ОН, а исто така и исклучително важни членови на Советот за безбедност на ОН. Природно , работата помеѓу ОН и овие две земји ќе биде продолжена“, изјавил Брахими на прес-конференцијата во Женева по повод крајот на вториот круг од преговорите на меѓународната мировна конференција за Сирија.