Над 700.000 бегалци и мигранти годинава пристигнале во Европа преку Средоземно Море, а над 3.210 загинале или исчезнале, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци, цитиран од француските медиуми.
Од почетокот на годината 705.200 бегалци и мигранти го минале Средоземно Море, а 562.355 од нив пристигнале во Грција, додека 140. 000 во Италија, прецизира организацијата.