ОН: Повеќе од 3500 жртви во судирите во Украина

Најмалку 3.543 лица загинаа досега во судирите во источна Украина, ако се земаат предвид и 298 жртви на малезискиот авион кој беше срушен летово, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.

Помошникот на генералниот секретар на ОН задолжен за човекови права Иван Симонович, изјави дека тој биланс би можел да биде значително поголем.

Како што јави АП, бројот на загинати во судирите на истокот на Украина претходно беше проценет на околу 3000.

Симонович пред Советот за човекови права на ОН во Женева предочи дека светската организација евидентирала зголемен број на жртви, посебно во јули и август.

До прекинувањето на огнот на 5 септември, во просек дневно биле убивани по 42 лица.

Од тој датум до сега, просечниот број на секојдневни жртби изнесува околу 10.