ОН повика на независна истрага за насилството во Украина

Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, Нави Пилај, денеска ги осуди смртоносните судири во Украина, повикувајќи на брзо отворање на независна истрага, пренесе „АФП“.

Комесарот ги осуди убиствата и ја повика Владата и демонстрантите да помогнат за смирување на тензиите и за изнаоѓање на мирно решение на кризата.

„Ги повикувам за брза и независна истрага за утврдување на фактите и одговорностите“, изјави Пилај.