ОН: Талибаните убиле над 100 поранешни членови на владата и на безбедносните сили

Талибаните и нивните сојузници се обвинето дека убиеле повеќе од стотина членови на поранешната авганистанска влада и на безбедносните сили, како и Авганистанци коишто работеле за странски единици, според новиот извештај на Обединетите нации.
Докуменот, во кој агенцијата AFP имала увид во неделата, критизира големи кршења на човековите права во Авганстина откако кон средината на ланскиот август и хаотичното повлекуват на странските трупи од земјата талибаните повторно се вратија на власт, особено правата на жените и правото на протест.

„И покрај објавата на општата амнестија за членовите на поранешната влада, безбедносните сили и оние кои работеле за странските војски, мисијата на ОН во Авганистан (UNAMA) и натаму добива веродостојни информации за убиства, присилни исчезнувања и други кривични дела извршени над тие луѓе“, се наведува во извештајот на генерланиот секретар на светската организација, Антонио Гутереш.

Откако талибаните без борба на 15-ти август 2021 година го преземаа главниот град Кабул, во ОН добиле повеќе од стотина дојави за убистава коишто ги смета за веродостојни, се наведува во документот, и се додава дека повеќе од две третините од тие убиства ги сториле „де-факто властите и ним блиски лица без судења“.

Претставниците на радикалното исламистичко движење Талибан во понеделникот ги негираа сите такви обвинувања.

„Исламскиот Емират никого не убил од објавувањето на амнестијата“, објави на Twitter министерството за внатрешни работи, истакнувајќи повторно дека убиствата на поранешните припадници на безбедностните сили се последица од лични пресметки, непријателства и одмазди.

Документот ги обвинува талибаните и за „напади, заплашувања, вознемирувања, произволни апсења, малтретирања и убиства на активисти за човекови пава и медиумски работници“.

„Исчезнува цел еден општествени и економски стистем“, коментирал во докуменот Гутереш, наведувајќи го како пример задушувањето на мирни протести и недозволувањето на жените да работата и да се образуваат.

Од ОН предупредуваат дека на половината од 38-те милиони Авганистанци, поради сиромаштијата и сушта им се заканува недостиг од храна. Советот за безбедност при ОН во декември усвои резолуција која олеснува во период од една година испраќање хуманитарна помош во Авганистан, а притоа да не се кршат санкциите.