
Провладините сили, вклучително и сојузниците од НАТО, убиле во првата половина од 2019 година повеќе цивили во војната во Авганистан отколку бунтовниците, покажуваат податоците на Обединетите нации кои во вторникот ги пренесува BBC.
Досега незабележаните бројки за периодот од јануари до јуни годинава доаѓаат во времето додека се одвиваат жестоките американски воздушни напади врз талибанските бунтовници. Но истовремено претставници на Вашингтон и на радикалното исламистичко движење Талибан, за повлекуување на странските војници од Авганистан.
Авганистанските безбедносни и силите на НАТО убиле 717, а милитантите 513 цивили, објавија Обединетите нации. Во првите шест месеци од оваа година, во воздушните удари, повеќето на американските борбени авиони, убиени се 363 лица, меѓу кои 89 се деца, се наведува во извештајот на Мисијата на ОН за помош на Авганистан (UNAMA).
Американската армија ги отфрла наводите на Мисијата и тврди дека нејзите податоци се поточни, како и дека силите во Авганистан „секогаш се обидуваат да избегнат нанесување штети на цивилите“. Меѓутоа, САД не ги објавуваат своите податоци за цивилните жртви.
Податоците на UNAMA следеа по извештајот на светската организација од април, кога беше изнесен сличен заклучок за првите три месеца од 2019 година. Последните податоци само покажуваат дека таквиот тренд продолжува.
Копнените судири и натаму се водечката причина за страдањата на цивилите, и на нив отпаѓаат третина од жртвите. Следат импровизираните експлозивни направи и воздушните операции.
Сепак, ОН наведуваат дека се намалил вкупниот број на цивилните жртви. Во првите шест месеци од 2019 година убиени и ранети се 3.812 лица, најмалку уште од првата половина на 2012 година. И покрај намалувањето на бројот на жртвите, убиствата на цивилите и натаму се „шокантни и неприфатливи“, наведуваат од UNAMA.