ONE Cloud софтверски решенија за поедноставно деловно работење

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ го збогатува своето ИТ портфолио на услуги со три Cloud решенија кои на корисниците ќе им овозможат поедноставно деловно работење. Почнувајќи од 10 јуни ОНЕ нуди: Електронска архива, Софтвер за управување на односи со клиенти и Виртуелен Приватен сервер.

Електронска архива е апликација развиена согласно законските нормативи кои се на сила за оваа дејност. eArhivaCloud овозможува прифаќање, складирање, споделување, управување, пребарување и дистрибуција на документи. Дополнително нуди и информација за статус на секој влезен и излезен документ во компанијата, како достава на документи по електронски пат. Во зависност од потребите и бројот на корисници во компанијата, компаниите можат да изберат еден од трите основни пакети:

 eArhivaCloud S за месечна претплата од 3.199 денари
 eArhivaCloud M за месечна претплата од 6.199 денари и
 eArhivaCloud L за месечна претплата од 11.199 денари

Софтвер за управување на односи со клиенти е решение кое овозможува да се организираат, автоматизираат и синнхронизираат продажбата, маркетингот, услугите и техничката поддршка на клиентите. За eCRMCloud – Софтверот за управување на односи со клиенти не е потребна инвестиција во опрема, нема трошоци за одржување, а истиот овозможува лесен и брз пристап од било каде во светот, едноставно импортирање и експортирање на податоци, посебна база на податоци за секој корисник со интуитивен и прегледен интерфејс. Во зависност од потребите, компаниите можат да изберат еден или комбинација од трите основни модули: модул за продажба, модул за маркетинг и модул за поддршка спакувани во три eCRMCloud тарифни модели:

 eCRMCloud S за месечна претплата од 699 денари
 eCRMCloud M за месечна претплата од 1.099 денари и
 eCRMCloud L за месечна претплата од 1.499 денари

Виртуелен приватен сервер овозможува пристап кон неопходните серверски ресурси, без инвестиција во хардвер и без трошоци за одржување. Со VPS сервисот корисниците добиваат сервер со кој секогаш ќе ги имаат потребните ресурси за зачувување и обработка на податоците, како и контрола на искористените ресурси. Во зависност од потребите: капацитетот на RAM, HDD и процесирачка моќ (број на CPU), корисниците можат да изберат еден од двата основни VPS пакети:

 VPS S за месечна претплата од 2.099 денари и
 VPS M за месечна претплата од 3.899 денари

Со VPS сервисот корисниците може и сами во зависност од потребите динамички да си ги зголемат капацитетите на RAM и процесирачка моќ (број на CPU) на одредено време додека имаат потреба за зголемени капацитети.
Дополнително, за определен месечен паричен надоместок, корисниците можат да добијат и соодветни лиценци за софтверски решенија.