Петти пат по ред ОНЕ ја добива наградата за “социјално посветена” компанија од светски најпознатиот сервис за Facebook аналитика, Socialbakers. Наградата на ОНЕ се доделува за исклучителен перформанс во делот “комуникација со корисници” на Facebook фан страницата на компанијата (www.facebook.com/ONE.mk). ОНЕ за вториот квартал од 2014-та година во рекордно време одговорил на 90% од сите поставени прашања, коментари и објави на Facebook.
Првата награда за “социјално посветена” компанија од Socialbakers ОНЕ ја доби уште во 2012-та година како прва и едниствена компанија од Македонија која добила награда од светски најпознатиот сервис за Facebook аналитика.
Оваа година и други компании од Македонија успеаа да станат “Socially Devoted Company” што само покажува колку оваа метрика е неопходен стандард во корпоративната комуникација на компаниите на социјалните медиуми, но ниедна со волку висок процент како ОНЕ.
Профилите на ОНЕ и Џабест имаат најголем број следбеници односно 238 илјади, што е дополнителен мотив за компанијата да ја продолжи комуникацијата со своите фанови според највисоките стандарди на социјалните медиуми.