Бројот на приклучоците во мобилна телефонија на ОНЕ за првата половина од 2014 година изнесува 562 илјади, што е зголемување за 7% и е резултат на порастот и на пре-пеид, и на пост-пеид претплатниците, што пак претставува значаен пораст во услови на високо конкурентен пазар. Во првата половина годинава ОНЕ инвестираше 3,5 милиони евра во Македонија со што се продолжува понатамошна модернизација на мрежната инфраструктура и овозможување на нови, современи услуги на своите корисници.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ во Македонија (фиксна, мобилна телефонија и интернет) и Диги Плус Мултимедиа (дигитални услуги) продолжуваат со позитивниот тренд и остварија приходи од 36,8 милиони евра за периодот од Jануари-Јуни 2014, но заради намалувањето на интерконекциската цена која се случи во Ноември 2013 година бележат пад од 9%. EBITDA за периодот изнесува 4,4 милиони евра, додека Оперативната добивка изнесува -1,6 милиони евра, или пад од 2,2 милиони евра во однос на истиот период од минатата година.
Телеком Словеније Групацијата постигна нето приход во износ од 381.6 милиони евра во првата половина од годината, што беше на нивото постигнато за време на истиот период минатата година и покрај постојаниот пад во приходите од фиксната телефонија и пониските приходи од корисниците на мобилната телефонија поради миграцијата кон нови, поевтини пакети за претплатниците. Нето добивката на Телеком Словеније Групацијата изнесуваше скоро 31 милиони евра, што е повторно на нивото споредливо со истиот период во 2013 година.
Оперативните приходи на Групацијата во првата половина изнесуваат 384.9 милиони евра; за 10.8 милиони евра помалку во однос на првата половина од 2013 година. EBITDA достигна 111.2 милиони евра или 2.1% од нето приходот од продажбата во првите шест месеци, нето финансискиот долг изнесуваше 437 милиони евра на 30 јуни 2014 година.
Телеком Словеније Групацијата забележа пораст кај ТВ приклучоците како и кај корисниците на мобилната телефонија и фиксните широкопојасни приклучоци.
“Резултатите постигнати од страна на Телеком Словеније Групацијата во првата половина од оваа година се над планираните и ние сме убедени дека ќе ги постигнеме целите кои ги поставивме за оваа година. Економската средина во која работиме се уште поставува високи барања, така што посветуваме големо внимание на оптимизација на трошоците на нашето работење и зајакнување на синергиите помеѓу компаниите во Групацијата, и со постојан технолошки развој и модернизација на нашата мобилна и широкопојасна мрежа продолжуваме да ја зацврстуваме нашата позиција на силен и сеопфатен регионален телекомуникациски оператор“ вели Маг. Рудолф Скобе, Претседател на управниот одбор на Телеком Словеније.
CAPEX на Телеком Словеније Групацијата во првата половина од годината изнесуваше 101.1 милиони евра, со тоа што главниот дел од инвестициите беа резервирани за изградба и надградба на мрежите, особено мрежите од трета и четврта генерација, скратување на приклучни водови, и надградба на локалните бакарни и оптички мрежи за целите на широкопојасен интерент пристап. Помеѓу најзначајните инвестиции во Словенија е лансирањето на LTE/4G технологијата.
За 2014 година, Телеком Словеније Групацијата планира нето добивка од 63 милиони евра, EBITDA до 212 милиони евра и CAPEX до 170 милиони евра.